Вардар покажа кој е кој – вечното дерби обоено во „црвено-црно“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Пелистер (Супер машка лига, плеј-оф)

Во дербито на 3. коло од плеј-офот во Супер машката лига составот на Вардар на домашен терен се избори за победа од 35:27 против Еурофарм Пелистер и на тој начин направи убава предност во трката за титулата.

Во дербито на 3. коло од плеј-офот во Супер машката лига составот на Вардар на домашен терен се избори за победа од 35:27 против Еурофарм Пелистер и на тој начин направи убава предност во трката за титулата. Вардарци доминираа во текот на целата средба и успеаја да се изборат заслужено за трите бода. Од почетокот на средбата се виде дека на овој дуел гостите тешко ќе парираа бидејќи не можеа да се снајдат со одбраната на „црвено-црните“. Поради тоа домашните ја искористија својата шанса. Оваа победа ос осум гола разлика може да биде огромен плус бидејќи доколку на крајот двете екипи имаат ист број на бодови ќе решаваат меѓусебните дуели.