Репрезентативците на Франција во саботата дојдоа до титулата на Олимписките игри, а ова значеше дека двајца од ракометарите ќе се најдат во групата на вечните односно на ракометарите кои поседуваат таканаречен „Ракометен гренд слем“.
Станува збор за Винсент Жерард и Валентин Порт, а тие им се приклучија на уште 13 играчи главно нивни сонародници кои успеале да стигнат до ова огромно признание.
Ракометен гренд слем се нарекува збирот од титулите од големите натпреварувања на репрезентативно и клупско ниво поточно титули на Олимписките игри, Светските првенства, Европските првенства и Лигата на шампионите.
Со трофејот во Токио и Жерард и Порт влегоа во групата на вечните каде претходно беа: Олег Гребнев (СССР/Русија), Олег Кисељов (СССР/Русија), Жеров Фернандез (Франција), Дидие Динар (Франција), Никола Карабатиќ (Франција), Тиери Омејер (Франција), Жоел Абати (Франција), Лук Абало (Франција), Мишел Гигу (Франција), Седрик Сорендо (Франција), Ласе Сван (Данска) и Никлас Ландин (Данска).
Moжеби делува изненадувачи и на оваа листа го нема Микел Хансен, но тој има златни медали со националниот тим на Данска од сите овие натпреварувања, но уште не успеал да ја освои Лигата на шампионите.