По поразот од европскиот шампион Ѓер, стратегот на Будуќност – Драган Аџиќ поднесе оставка, пренесуваат црногорските медиуми.
Негова замена би требало да биде досегашниот помошник, Бојана Поповиќ, која исто така се споменува и како наследник на Пер Јохансон на клупата на националниот тим на Црна Гора.
Црногорскиот првак во досегашните седум одиграни натпревари во Лигата на шампионите оствари две победи, реми и четири порази.
Аџиќ го презема кормилото на Будуќност во 2010 година, кога дојде на местото на Ѓула Жига и во првата сезона го освои трофејот во Купот на победниците на куповите.
Две години подоцна Будуќност се искачи и на европскиот трон, со трофејот од Лигата на шампионите.