Филип Миркуловски на 12 јуни ќе го одигра последниот натпревар за бундеслигашот Вецлар, и воопшто последниот натпревар во играчката кариера.
Поранешниот македонски репрезентативец од лето ќе има нова улога во Вецлар и ќе му биде асистент на тренерот Бен Мачке, кој го продолжи договорот до 2025 година.
„Како играч, Миркуловски секогаш се ставаше на услуга на тимот, секогаш ја покажуваше својата лојалност. Тој го разбира ракометот, и има многу големо искуство, па затоа се вклопува идеално во нашиот тим со новата улога и ќе биде од голема помош за Бен Мачке“, велат од Вецлар.
Големиот борец исто така е среќен што почннува нова поглавје.
„Среќен сум што ќе останам како асистент тренер во Вецлар по завршувањето на мојата играчка кариера. Благодарен сум на управат што ми дава шанса да се развивам како тренер и се надевам на добра соработка со Бен Мачке. Тој е одличен млад тренер и ќе ми биде задоволство да го поддржам. Во наредните сезони ќе имаме еден од најмладите тимови во Бундес лигата и ќе можам да пренесам дел од моето искуство на другите играчи. Нашиот ростер ветува светла иднина за Вецлар“, вели Миркуловски.
Македонскиот среден бек во 2015 година се пресели во Германија, полусезона беше дел од Хановер, пред да замине во Вецлар и таму да комплтира седум сезони.