Tимот на Филип Миркуловски, Вецлар објави дека се засилил со украинскиот голман Генадиј Комк.
34-годишниот голман во Вецлар пристигнува на позајмица од Мотор Запорожје до крајот на сезоната. Причината поради која Вецлар го ангажираше е повредата на Анадин Сулаковиќ.
Првата изјава по потписот со Вецлар ја даде и самиот голман.
„Многу сум среќен и благодарен за оваа можност. Ќе дадам се од себе во следните три месеци да му помогнам на тимот да ги оствари своите цели. Со нетрпение го очекувам мојот прв натпревар“, изјави украинскиот голман.