Вецлар го врати некогашниот десен бек на Металург

Бундеслигашот Вецлар ангажираше некогашен десен бек на Металург пред стартот на новата сезона.

Станува збор за црногорскиот интернационалец Владан Липовина, кој се враќа во Вецлар по пет години.

Tој го носеше дресот на Вецлар три сезони, од 2014 до 2017 година, пред да замине во Дубаи, Хутеберг, Рајн Некар Левен и Балинген, каде што играше минатата сезона.

Липовина треба да го замени хрватскиот интернационалец Иван Сршен, кој замина во Нексе, а со Стефан Чавор ќе формираат црногорско дуо на десната бековска позиција.

Во Вецлар ќе соработува со некогашниот некогашен колега од Металург, Филип Миркуловски, кој ќе биде асистент тренер.