Селекцијата на Катар обезбеди два бода на дуелот против Јапонија во натпревар кој имаше навистина интересен тек и 60 минути имаше надигрување и неизвесност за конечни 31:29.
Победникот беше одлучен во последната минута откако Шариќ одбрани пенал на гол предност, а потоа беше реализирана чиста позиција за победа.
Во текот на целата средба Јапонците покажаа дека имаат брзина што е карактеристична за нив и упорност и дисциплина донесена од селекторот од Исланд, Дагур Сигурдсон.
Јапонија не се откажа во ниту еден момент и постојано притискаше. Се играше брзо и редовно се наоѓаше шанса за погодок. Дури и кога Катар имаше 26:21 немаше откажување туку со серија од 6:0 го свртеа натпреварот и поведоа за да влезат во завршните моменти од натпреварот со позитива.
Сепак, кога беше најпотребно Валеро Ривера ја покажа својата тренерска големина и успеа набрзина да најде противигра и да го донесе составот на Катар во подобра позиција за триумф и два бода кои значат полуфинале.
Клучот беше и во Шариќ кој одбрани пенал во важен момент така што Катарците иако одиграа две тешки средби, а допрва им доаѓа дуел со Хрватска уште успеваат да се одржуваат на високо ниво.