Екипата на Келце останува без искусниот ракометар и репрезентативец на Полска, Мариуш Јуркиевич кој поради повредата на коленото е долго на рехабилитација и најверојатно нема нитуда се врати на терените.
Јуркиевич се повреди на почетокот на годината на натпреварот против Монпелје и мораше на хируршка интервенција. Оттаму веќе неколку месеци заздравува, но со оглед на тоа што има 38 години јасно е дека нема да се врати на терен.
Во оваа сезона имаше добри партии, а играше и како лево крило каде беше поддршка за Анхел Фернандез Перез. Тој беше на оваа позиција поради повредениот Матеуш Јахлевски инаку е среден бек.
Јуркиевич во својатакариера има играно и за Заглебие Лубин, Сиудад Реал, Арате, Сан Антонио, Атлетико Мадрид и Висла Плоцк. Во Келце е од 2015 година.