Иако најавуван како ревиален меч со хуманитарен карактер, сепак дуелот на 3 јануари меѓу сегашните репрезентативци и ветераните кои настапуваа на СП 2009 и на ЕП 2012 сепак ќе има и натпреварувачки карактер.
Барем така го сфатија тоа поранешните репрезентативци кои сега со „стомачиња“, со помалку сила од порано, со огромен елан и воља почнаа да тренираат.
Првиот тренинг веќе го одржаа, и почнаа да ги договараат акциите и како ќе им се спротистават на оние што ќе ги бранат боите на Македонија на СП 2023 година. во Полска.
Иаико недостасува барем половина од најавените, они ешто се појавија во СЦ „Јане Сандански“ покажаа дека се уште имаат „топ во рака“, ги користат сите финти, и знаат да „завртат топка од крило“.
Тренинг Ветерани
А како беше на првиот тренинг можете да погледнете низ фото- галеријата и видео записите на 24ракомет.