Веспрем ќе го тестира ривалот на Бутел Скопје

Унгарскиот шампион Веспрем оваа седмица ќе ги одигра првите пријателски натпревари откако стартуваа подготовките.

Избраниците на Давид Дејвис зад затворени врати ќе играат против ривалите од унгарскиот шампионат, Татабања и Ѓенѓеш.

Ривалот на Бутел Скопје во првото квалификациско коло од Лигата на Европа, ќе биде гостин на Веспрем в сабота со почеток во 13:00 часот.

Бутел и Ѓенѓеш треба да играат на 29/30 август, односно 5/6 септември.