Рускиот репрезентативец Сергеј Марк Косоротов е нов ракометар на унгарскиот гигант Веспрем, со кој потпиша договор на три сезони до 2026 година.
Два метри високиот лев бек ја стартуваше карирата во Чеховски Медведи каде што остана до 2021 година.
Потоа се пресели во полската Висла Плоцк, каде ја игра втората сезона. Во Лигата на шампионите оваа сезона постигна 45 гола.
23-годишниот Косоротов е дел од руската репрезентација со која настапи на СП 2019, ЕП 2020, СП 2021 и EП 2022.
Косоротов ќе ги покрива левата и средна бековска позиција во Веспрем, кој ќе остане без Расмус Лауге, а си замина и Петар Ненадиќ.