Во натпреварот на колото во Лигата на шампионите, унгарскиот гигант Веспрем на гостуањето кај Мешков Брест оствари рутинска победа со 37:30.
Мешков добро се држеше во привот дел, иако имаше негатива постојано беше на гол или два. Ефикасното прво полувреме Веспрем го заврши со предност од 20:17.
Во почетните минути од втроиот дел Веспрем започна да се одлепува резултатски и во 45. минута имаше шест позитива. До крајот рутински го одработе натпреварот за сигурна победа.
Најефикасни во составот на Мешков беа Ваилупау со пет и Малуш, Паниќ и Шкурински со по четири гола. Во екипата на Веспрем, Ненадиќ и Гајиќ со по осум гола беа најдобри.