Веспрем со камата му врати на Мотор

По поразот во Украина минатата недела, ракометарите на Веспрем се вратија на победничките патеки во Лигата на шампионите.

Избраниците на Момир Илиќ го совладаа украинскиот првак Мотор Запорожје со убедливи седум гола разлика, 36-29 и му се одмаздија за поразот на првиот меѓусебен натпревар.

Гостите парираа одлично до 9-9, но потоа за десетина минути примија дури шест гола, а не дадоа ниту еден, па Веспрем стигна до водство од 15-9. До паузата не се променија работите на теренот, па домашните имаа плус пет, 18-13.

Во второто полувреме гостите намалија на минус четири, но тоа беше се. Веспрем доминираше на теренот, сите грешки беа казнувани од Маргуч и Штрлек, па унгарскиот тим се одлепи на 34-25 и до крајот се беше само рутина.

Најдобри стрелци кај победникот беа Маргуч со девет од девет и Лауге со пет гола, додека Коралес собра десет одбрани. Кај Мотор Запорожје се истакна Бохан со осум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА651011
2НАНТ74129
3АЛБОРГ84139
4ПИК СЕГЕД74038
5КЕЛЦЕ73046
6КОЛСТАД83056
7МАГДЕБУРГ72145
8ППД ЗАГРЕБ82064