Веспрем со една нога на Ф4, Војводина не беше тешка пречка

Унгарскиот шампион Веспрем со една нога го обезбеди местото на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига, откако славеше на гостувањето кај Војводина со убедливи 26-31.

Гостите уште на стартот отворија со водство со 0-3, а потоа имаа и предност од 1-6. Војводина успеа во два наврати да намали на минус два. Беше 10-12 во 28. минута, но Штрлек, Лауге и Нилсон погодија три пати за две минути и на пауза донесоа 10-15 за Веспрем.

Тимот на Дејвис водеше и со 10-17 на стартот на второто полувреме, а српскиот шампион се што направи до крајот е тоа што намали пак на  минус два, 21-23, но тоа не беше доволно да се загрози победата на Веспрем, 26-31.

Штрлек со шест од шест и Гајиќ со пет од пет беа најефикасни во унгарскиот шампион, а Манасков играше кратко време пред да се повреди, додека кај Војводина, повратникот Растко Стојковиќ даде осум погодоци.