Екипата на Металопластика го искористи моментот на играње со втор тим на Веспрем и забележа победа од 30:26 што беше доволно за да се освојат три бода со кои екипата од Шабац го скокна Еурофарм и се искачи на 4. место во Групата Б.
Гостите беа во водство од почетокот на натпреварот, но не успеаја да останат во позитива така што Металопластика замина на одмор со 18:15. Овој резултат овозможи во продолжение да се чува предноста и постојано да се има 2-3 водство кое на крајот беше сосема доволно за да се дојде до победа со која Металопластика се најде на 4. место и ќе оди на дуел против Нексе во осминафиналето, а победникот ќе мора против Вардар во четврт-финалето.
Со овој резултат сосема извесно е дека Еурофарм Пелистер ќе мора против Војводина во осминафиналето, а потоа победникот ќе оди на Веспрем кој е првопласиран во Групата Б.
Инаку, денеска најефикасни на теренот беа Пачковски и Штрлек, кои со Цупара беа единствените од првата постава на Веспрем, додека во Металопластика Дукиќ и Кљајиќ имаа по четири погодоци.