Унгарскиот шампион Веспрем стана третиот учесник на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига по Загреб и Мешков Брест.
Тоа стана јасно откако српскиот шампион Војводина, кој требаше да патува во Веспрем, ја извести СЕХА дека поради рестрикциите во Србија не е во можност да го одигра реванш четвртфиналниот натпревар.
И без тоа, Веспрем имаше предност од првиот натпревар во Нови Сад и ќе беше голем фаворит, а вака останува комесарот на СЕХА да додели службена победа за унгарскиот тим.
Последниот патник на завршниот турнир во Задар од 4 до 6 септември, ќе биде познат по одигрувањето на реваншот меѓу Вардар и Нексе Нашице на 29 август.