Унгарската ракометна федерација ги објави имињата на сите клубови кои се пријавиле за учество во лигата следната сезона. За оваа што заврши не беше прогласен шампион, а немаше ниту испаѓање и нови тимови во елитното друштво.
Но тимот на Вац поради финансиски проблеми не се пријави за учество, неговото место го зазема првопласираниот од Првата лига Веспрем Фелсорс.
Станува збор за тим што е предводен од некогашната легенда на Веспрем, Јозеф Елеш и функционира како академија на гигантот во мало село близу Веспрем кое се вика Фелсорс.
Младинскиот тим на Веспрем У21, кој е предводен од Момир Илиќ и Роберт Гулјаш останува во Првата лига.
Во елитното друштво покрај Веспрем и Веспрем Фелсорс, ќе играат уште Будакалаш, Чурго, Дабас, Егер Естерхажи, Ференцварош, Балатонфуреди, Ѓенѓеш, Комло, Мезоковешди, Орошази, ПИК Сегед и Татабања.