Тимот на Веспрем на девет дена пред натпреварот против Вардар во осминафиналето од Лигата на шампионите запиша сигурна победа во четвртфиналето од Купот на Унгарија против Ференцварош од 40:28.
Натпреварот започна по малку изненадувачки, по водството на Веспрем, Ференцварош направи серија од 0:5 за предност од 1:5. Сепак тоа беше единствениот период во натпреварот во кој Ференцварош беше подобар тим во овој меч. Брзо серијата беше возвратена, а домаќините почнуваа да прават поголема и поголема разлика. За на полувреме да водат со 19:14.
Иста слика гледавме и во вториот дел, предноста на фаворитот само растеше за на крајот да дојдат до победа од 12 разлика иако во еден момент водеа и со 14 голови предност.
Најефикасен во редовите на Веспрем беше Омар Јахија со пет постигнати гола, додека на спротивната страна дури тројца ракометари постигнаа по пет погодоци, Алекс Богнар, Нагу Бенсе и Давид Дебрецени.
Веспрем во првиот натпревар од двомечот во Лигата на шампионите ќе гостува во Скопје на 31. март, додека реваншот е закажан за седум дена подоцна во Унгарија.