Веспрем покажа моќ – му даде 47 гола на Динамо Букурешт

Ракометарите на Веспрем имаа супериорно издание во 9. коло од Лигата на шампионите и на домашен терен без Манасков и Ненадиќ многу лесно и убедливо ја декласираа екпата на Динамо Букурешт со 47:32.

Само почетните минути резултатот беше израмнет, а потоа доминираше една екипа на теренот. Веспрем уште после првите 30 минути беше многу блиску до победата, на паузата избраниците на Момир Илиќ имаа 22:15.

Во второто полувреме Веспрем демонстрираше моќ, постојано ја зголемуваше предноста и сигурно го водеше натпреварот кон победа и нови бодови. До крајот на мечот Динамо немаше одговор на играта на противникот и мораше да се помири си катастрофален пораз.

Најефикасен во составот на Веспрем беше Омар Јахија со осум гола, а исто така ефикасни беа и Македа со шест гола и Легитвари со пет погодоци. Во тимот на Динамо Букурешт прв стрелец беше Хавиер Хумет со шест погодоци.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА761013
2ПИК СЕГЕД850310
3НАНТ84139
4АЛБОРГ84139
5КЕЛЦЕ83056
6КОЛСТАД83056
7МАГДЕБУРГ72145
8ППД ЗАГРЕБ82064