Унгарскиот шампион Веспрем во следната сезона ќе има изменет ростер. По десет години, од тимот си заминува столбот на одбраната Мирсад Терзиќ.
Терзиќ беше главниот дефанзивец во редовите на гигантот со кој три пати стигнуваше до завршниот турнир во Лигата на шампионите, но ниту еднаш не ја освои титулата.
Босанскиот репрезентативец кој претходно беше дел од Сараево, Извиѓач, Загреб и Целје, најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Швајцарија.
Покрај Терзиќ, од Веспрем си заминуваат и Борут Мачковшек и Драган Гајиќ, кои ќе се преселат во ПИК Сегед, односно Лимож.