Откако ја помина првата фаза во Лигата на шампионите тимот на Вардар во осминафиналето ќе игра против унгарски Веспрем.
Натпреварот во Скопје се игра на 31. март во 18:45 часот, Вардар веќе ги објави цените на билетите и започна со приоритетна продажба. Билети ќе добие и гостинскиот тим, кој ќе има можност во Скопје да донесе 275 навивачи.
Од Веспрем објавија дека за навивачите кои ќе купат билет превозот до Скопје ќе биде бесплатен. Исто така потенцираат дека во салата „Јане Сандански“ мораат да се следат здравствените протоколи.
Натпреварот во Скопје ќе биде прв од двомечот кој ќе се игра на 6. април исто така од 18:45 часот. Подобриот од Веспрем и Вардар ќе оди на Алборг.