Веспрем најде замена за Манасков – доаѓа репрезентативец на Исланд!

Унгарскиот гигант Веспрем најде замена за македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој заминува на крајот на оваа сезона.

Во клубот доаѓа исландскиот репрезентативец Бјарки Мар Елисон, кој потпиша договор на две сезони, односно до 2024 година.

Тој потекнува од тимот на Копавогур, пред да замине во Германија, каде играше за Ајзенах и Фуксе Берлин.

Од 2019 година е член на Лемго, а оваа сезона на 19 натпревари даде 119 погодоци во Бундес лигата.

Веспрем го бараше туниското лево крило Усама Буганми до крајот на оваа сезона, но тој трансфер се искомплицира поради високата оштета што ја бараше неговиот клуб Есперанса.