Репрезентативецот на Македонија, Дејан Манасков по пет сезони минати во Веспрем реши да го напушти унгарскиот гигант, со кој не успеа да дојде до тронот во Лигата на шампионите, а на годинешниот Ф4 турнир во Келн, левото крило не беше во можност да им помогне на своите колеги.
На свечената церемонија пред „Веспрем Арена“, раководството на унгарскиот вицешампион им се заблагодари на сите ракометари кои ќе го напуштат клубот.
На церемонијата присуствуваа илјадници фанови, а Манасков од челниците на клубот доби подароци за спомен.