Тимот на Веспрем го задржа перфектниот учинок во унгарскиот шампионат, откако вечерва славеше над Мезоковешди со убедливи 37-26.
Давид Дејвис одбра комбиниран тим за овој натпревар, па шанса добија и дел од ракометарите од младинскиот погон.
Се истакна Гаспер Маргуч со 11 погодоци, Данецот Лауге даде пет, додека македонскиот репрезентативец Дејан Манасков стрелаше три пати.
Ова беше загревачка победа за Веспрем пред натпреварот со Еурофарм Работник в среда од регионалната СЕХА лига.