Ракометарите на Веспрем одиграа одличен натпевар на домашен терен и остварија убедлива победа од 36:29 против составот на Алборг во првиот четвртфинален дуел во Лигата на шампионите. Дејан Манасков после долго време се врати на терените во ЛШ и успеа да постигне еден погодок во триумфот на неговиот тим.
Воведниот дел од натпреварот беше максимално израмнет, најчесто беше еден гол предност на едната или другата екипа. Првите десетина минути се играше ефикасно и а резултатот беше 7:7. Следувае серија на Веспрем и прво повисоко водство на домашниот тим.
Мае, Јахија и двапати Нилсон погодија за 11:7 водство на Веспрем во 15. минута. Алборг имаше одговор на ова одство на домаќиното и брзо се врати на минимална негатива. Така беше и на полувремето кога Веспрем имаше водство 17:16.
Почетокот на второто полувреме избраниците на Момир Илиќ го одиграа одлично и направија висока предност. Со квалитетна игра во одбрана и со помош на одбраните на Коралес, Веспрем поведе 24:18 во 43. минута откако Алборг осум минути не успеа да посигне гол.
Во поголемиот дел од второто полувреме Веспрем без поголеми проблеми го чуваше водството и рутински го водеше натперварот кон победа. Последните моменти од мечот домашниот тим стигна до највисоките седум гола и обезбеди голема залиха пред реваншот во Данска.
Најефикасни во тимот на Веспрем беа Гашпер Маргуч со седум гола и Омар Јахија со шест, додека и играчот на натпреварот Кентан Мае постигна пет погодоци. Во екипата на Алборг се истакна Јул Ласен со шест гола.