Унгарскиот гигант Веспрем е ривал на Еурофарм Пелистер во полуфиналето на СЕХА лигата на Ф4 во Задар.
Минатиот викенд Веспрем ги победи Флеснбург и Кил во два дена и го освои турнирот на домашен терен, но нема да имаат многу одмор избраниците на Момир Илиќ.
Веспрем закажа натпревар од домашното првенство против Балантонфуреди на 31 август, на само два дена пред дуелот со Еурофарм Пелистер на 2 септември.
Стратегот на битолчани, Ларс Валтер, покрај дуелите со Флеснбург и Кил, ќе има можност на дело да ги види ракометарите на Веспрем и на натпреварот со Балатонфуреди, кој е традиционално незгодно за момците на Илиќ.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем се игра во спортскиот центар „Вишњик“ на 2 септември од 20:30 часот.