Веспрем е новиот господар на СЕХА трофејот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во финалето од СЕХА лигата годинава тимот на Веспрем покажа далеку подобра игра од Вардар и на тој начин се избори за третата титула. Победата од 35:27 е показател дека шампионот на Унгарија доминираше од првата минута и беше постојано во позитива од барем 2-3 гола. Вардарци не можеа да следат и да се спротистават и само на моменти му парираа на противникот што не беше доволно за успех на овој натпревар.