Беше фаворит пред мечот, но Веспрем не успеа да освои ниту бод на домашен терен против ГОГ Гудме. Данците триумфираа со 37-36 и му направија многу проблеми на унгарскиот вицепрвак во неговата намера да стигне до директно место во четвртфиналето.
По 11 одиграни мечеви Веспрем останува на второто место во групата, но сега ќе зависи многу и од дуелот Висла – Магдебург. Доколку Германците победат ќе имаат ист број бодови со Веспрем и двата тима ќе се борат за директното место меѓу осумте најдобри.
Во следното коло Веспрем гостува кај Магдебург во Германија, и тој меч ќе одлучи кој ќе патува директно во четвртфиналето.
Гостите од Данска уште од почетокот најавија дека може да ги однесат двата бода поведувајќи со 5-1. Мечот изобилуваше со „голеада“ на двете страни, а уште на полувреме се виде дека одбраните ќе бидат послабата страна бидејќи Веспрем водеше со 21-19. Направија Унгарците пресврти резултатски, но во 40 минута гостите пак поведоа со „плус 4′ сега за 28-24.
И Веспрем пак се врати во игра, израмнувајќи на 32-32 во 48 минута. Гостите водеа, домашните возвраќаа, ама водството беше на страна на Данците.
Во самата завршница Штрлек пак израмни на 36-36 најавувајќи можна драма и пресврт. Мадсен постигна гол за победа, а откако домаќините промашија, веќе беше се решено.
Гостинскиот голман Тулин Тобијас имаше 16 одбранети топки, за разлика од Цупара, кој имаше 10 и Коралес со 1 одбрана.
Кај гостите Мадсен постигна 8 гола од 8 обиди, а Тобринг имаше исто 8 гола од 10 обиди. Кај Веспрем Ненандиќ даде 8 гола од 12 обиди.