Ракометарите на Веспрем во дерби дуелот од 6. коло од унгарскиот шампионат полесно од очекуванот стигнаа до победа против ПИК Сегед со пет гола разлика, 31:26.
Веспрем уште во првите 30 минути наметна свое темпо, се одлепи на 11:3 и до крајот на натпреварот не му дозволи на актуелниот унгарски шампион да има напредок во играта. Избраниците на Момор Илиќ на пауза заминаа со предност од 16:10.
Ниту по паузата ПИК Сегед немаше решение за разиграните ракометари на домаќиниот, кои продолжија со одличната партија и во вториот дел. ПИК Сегед во еден момент успеа да заигра поанагжирано, намали на 21:20, откако претходно Веспрем имаше плус три, 21:18, но тоа беше последниот обид на гостите од Сегед за да направат нешто повеќе и да дојдат до егал.
Најефикасен кај Веспрем беше Никита Вајлупов, кој имаше пет погодоци од исто толку обиди. Кај ПИК Сегед се истакна Александре Блонц со седум погодоци.