Веспрем го наполни голот на Кил и го завери второто место

Иако има уште многу до крајот на групната фаза од Лигата на шампионите, сепак, Веспрем веќе си ја заврши својата задача и најверојатно ќе заврши на 2. позиција во Групата Б со оглед на тоа што Барселона и понатаму е неприкосновена.

Веспрем на свој терен обезбеди триумф од 41:33 против Кил и на тој начин во директен дуел против конкурентот за висок пласман се избори за голем триумф. Воедно тоа е ривалот и за полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн.

Домаќинот го доби овој дуел со подобра игра особено во второто полувреме. Првите 30 минути завршија со нерешени 19:19 и тука беше најавено дека ќе биде максимално интересно во продолжението од средбата. Работите се одвиваа подобро за домашните кои знаеја да ја казнат секоја грешка на противникот.

Веспрем одигра далеку подобро во клучните моменти и успеа да се избори за постојано зголемување на предноста која на крајот изнесуваше осум гола, 41:33. Составот на Кил не можеше да го следи ова темпо и потфрли во клучните моменти кога беше најпотребно за да се врати во натпреварот.

Место да се врати составот на Кил остана на негатива, па на тој начин Кил останува речиси без шанси да дојде до 2. место во Групата Б.

Денеска најефикасниот играч беше Петар Ненадиќ, кој финишираше со десет погодоци, додека седумпати прецизни беа Нилсон и Борозан. Во тимот на Кил, Екберг имаше седум гола, а Вајнхолд пет.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА1081117
2НАНТ1061313
3АЛБОРГ1061313
4ПИК СЕГЕД1060412
5КЕЛЦЕ104068
6МАГДЕБУРГ103167
7КОЛСТАД103076
8ППД ЗАГРЕБ102084