Унгарскиот првак Веспрем го поправи впечатокот по поразот од Татабања во првиот пријателски натпревар и оствари убедлива победа.
Избраниците на Давид Дејвис пред празните трибини на „Веспрем Арена“ славеше со 41-30 над ривалот на Бутел Скопје во Лигата на Европа, Ѓенѓеш.
Гостинскиот тим успеваше да парира во првите петнаесетина минути и имаше предност од 9-10, но на пауза Веспрем стигна до 21-16.
Во вториот дел Дејвис ја промени поставата на теренот, а неговите момци само ја дуплираа предноста и славеа со 11 голови разлика. Дејан Манасков играше во првото полувреме на оваа средба.
Тренерот на Ѓенѓеш, Чаба Конколи, веројатно криеше дел од адутите пред средбите со Бутел Скопје кон крајот на август, но јасно е дека триото Виловски, Херцег и Маркез ќе биде најопасно по одбраната на бутелци.