Веспрем го бара(л) Илија Абутовиќ

Унгарскиот вицешампион Веспрем по загубената титула во унгарскиот шампионат минатата сезона и лошиот крај во Лигата на шампионите, мораше да направи реконструкција во своите редови.

Желба на Веспрем за новата сезона беше поранешниот ракометар на Вардар, Илија Абутовиќ. Искусниот ракометар од Србија важи за еден од најдобрите дефанзивци кој покажа одлични настапи во Бундес лигата во изминатите три сезони.

Сепак, Абутовиќ има важечки договор со Рајн Некар уште една година и Германците не сакале да го ослободат.

Веспрем реши да го донесе унгарскиот репрезентативец Адриан Сипос од Татабања, кружен напаѓач, што сепак ќе биде задолжен за одбраната на тимот предводен од Момир Илиќ.