По шести пат е на СП, од што трипати беше како тренер, а двапати досега и како селектор. Сега Веселин Вујовиќ е во Полска, но со сосема друга, трета репрезентација – на Иран. Со нејзе веќе испиша историја, и ја постигна првата победа на СП. Но, Вујовиќ секогаш е личност која предизвикува интерес каде и да се појави. П атака е и во Полска.
„Додека бевме во Катовице, ние се подготвувавме таму и почнаа да пристигнуваат репрезентациите на Србија, па на Катар, па на Словенија. И со сите се знам и се поздравувам, а колегите од репрезентацијата на Србија се пошегуваа со мене: „пази во која соблекувална ќе влезеш“, вели Вујовиќ.
Своевремено тој беше селектор и на Македонија, и му беше тренер на Кирил Лазаров кој сега седи на клупата на Македонија. Нашиот поранешен селектор ја следеше играта на Македонија на „Кроација Куп“.
„Добро се претставија. Лично мислам дека се тоа многу голови. Јас не одам на тоа да загубам 40-37, туку повеќе сакам да победа 22-21. Колку и да размилсувам з амодерен ракомет, за трчање сепак треба да се победува. Кире има добра визија, направи група од добри играчи. Македонската јавност ќе прости некој лош резултат. Со самиот пласман на СП тие направија добро. Треба трпение, им треба искуство. Нема да се предадат, вели Вујовиќ.
Тој предводува што би било изненадување во Краков. Дел од предвидувањата веќе се остварија.
„Изнанедување би било Иран ги победи Чиле и Црна гора, пријатно изненадување е да помине Македонија во втор круг. Дали ќе се случат ќе видиме брзо, вели Вујовиќ.
Иран го победи Чиле со 25-24 во првото коло во Краков.
Погледнете го целиот разговор на Веселин Вујовиќ за 24ракомет направен во Краков.
Вујовиќ за 24Ракомет ТВ: Македонија може да направи изненадување (ВИДЕО)