Веселин Вујовиќ не е повеќе тренер на Загреб!

Поранешниот тренер на Вардар и селектор на македонската репрезентација Веселин Вујовиќ, не е повеќе тренер на Загреб.

Иако тој се врати во хрватската престолнина и започна со тренинзи со тимот, сепак денеска е официјализиран прекин на соработката.

Како и многу европски клубови, така и Загреб го погоди финансиска криза поради коронавирусот, а клубот ја загуби поддршка и од градот, додека и кинеските спонзори се под знак прашалник.

Тоа придонесе за значително кратење на буџетот, а Вујовиќ не се согласил на новите услови, па договорен е спогодбен раскин на договорот.