Македонската репрезентативка Габриелa Величковска и во следната сезона ќе го носи дресот на вицепрвакот Куманово.
Искусната ракометарка, која минатата сезона се врати од странство, со раководството на Куманово се договори на нова соработка.
Величковска беше една од најзаслужните за освојувањето на Куп титулата во минатата сезона и со своето стекнатото интернационално искуство одигра голема улога во некогашниот македонски шампион.
28-годишната ракометарка потекнува од Кожувчанка Штип и пред да замине во странство играше за Металург и Пелистер.
Од Куманово заминаа Пена Граматова, Тамара Ивановска и бразилската интернационалка Андреза Алмеида.
До почетокот на подготовките треба да биде потврден ростерот на Куманово, како и новите засилувања.