Репрезентативката на Македонија, Габриела Величковска постигна десет гола на последниот натпревар за својот тим Кот Баске при победата на гостувањето кај Бержерак од 29:26.
Величковска одигра одличен натпревар откако успеа да ги води своите колешки во победа. Таа доминираше на теренот и одработе добро и во нападот и во одбраната. Два од погодоците беа постигнати од линијата од седум метри, а имаше и едно исклучување.
Според процентот на реализација имаше висока прецизност бидејќи постигна десет гола од 12 удари така што успеа да заврши одлична работа за својот тим и во одлична форма допатува за репрезентативната активност.
Како што е познато Македонија ја очекуваат два дуели против Словенија така што оваа форма на Величковска само може да радува бидејќи секоја ракометарка која е во добра форма може да има добар придонес и за националниот тим.