Поранешната ракометарка на Кожувчанка од Штип и Металург, Габриела Величковска и во следната сезона ќе настапува во Франција.
По одиграните седум сезони во Автокоманда, централниот бек замина во францускиот второлигаш Ле Пужен, каде беше меѓу најдобрите стрелци, а во минатата сезона постигна 72 погодоци.
Сепак ова лето македонската интернационалка се реши за трансфер во амбициозниот тим Кот Баске.
Таму во новата сезона ќе настапува и левото крило Фернанда Да Силва, која стана светски првак со Бразил во 2013 година.