Велес добива нов прволигаш – Бисинов Вардар подготвен за чекор напред

Бисинов Вардар од Велес, која се натпреварува во младинските категории во машка конкуренција, за следната сезона планира да има и сениорска екипа.

Овој клуб следната сезона ќе се пријави за настап во Првата лига во сениорска конкуренција, што ќе биде чекор напред за клубот.

Раководните лица на клубот сметаат дека младите ракометари се подготвени за поголем предизвик, па доколку се остварат амбициите тогаш во следната сезона Велес ќе има две екипи во Првата лига.

Покрај Бисинов Вардар, тука ќе биде и еден од најпознатите ракометни брендови во Македонија, Борец Велес.

Во зависност од тоа дали ќе има проширување на Суперлигата, ќе биде познато колку екипи ќе има и во прволигашката конкуренција наредната сезона.