Левиот бек на Еурофарм Пелистер, Марин Вегар успешно е опериран во Загреб, по повредата на рамото која ја влечеше подолг период.
Зафатот минал во најдобар ред и ракометарот го започна планот на заздравување, кој веројатно ќе го оддалечи од терените неколку месеци.
Тоа значи дека битолчани ќе ги бијат клучните битки на домашна и меѓународна сцена без помошта на босанскиот репрезентативец.
Марин Вегар ја игра својата трета сезона во Еурофарм Пелистер, по доаѓањето од романска Стеауа.