Репрезентативецот на Полска и член на Вардар на лето би можел да ја промени средината и да се пресели во Спортинг.
Според информациите Валчак немада да го продолжи договорот со Вардар и веќе добил одлична понуда од клубот од Лисабон. Валчак важи за сепцијалист за одбрана, но откако Давид Дејвис дојде на клупата на Вардар полскиот ракометар често пати се користи и во нападот. Во актуелната сезона во Лигата на шампионите Валчак постигна седум гола.
Доколку ваквите најави се реализираат Валчак во Спортинг би се борел за место со Груизиец Еракле Арсенашвили и Данецот Јонас Тидеманд. Спортинг е лидер во португалското првенство со три бода повеќе од Порто и осум од Бенфика. Во редовите на Вардар Валчак пристигна во сезоната 2020/2021.
Ако Валчак замине тогаш Вардар ќе треба да бара двајца пивотмени, со оглед на тоа што и Жереми Тото заминува.