Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата Македонци, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, забележа нов триумф во Асобал лигата.
Ваљадолид славеше против Пуенте Хенил со 33-29, откако и на полувремето водеше со три гола, 16-13.
Македонските интернационалци имаа своја улога во новите бодови. Димитриоски беше стрелец на еден гол од еден обид, додека Димитриевски даде четири гола од шест обиди.
Ваљадолид сега има две победи од три меча, а во следното коло ќе му гостува на фаворитот Бидасоа Ирун.