Еден од најдобрите и најперспективни ракометари од Белорусија кој игра во редовите на Мешков Брест, Никита Вајлупов е на радарот на тимот на Келце и лесно може да се случи по завршувањето на договорот да се пресели во Полска.
Според информациите кои ги објавува порталот sportowefakty.wp.pl Вајлупов е еден од најинтересните млади ракометари во моментов.
Вајлупов импресионираше со своите игри во текот на целата сезона кога успеа да докаже дека се работи за еден од ракометарите кои можат квалитетно да одиграат на поголем број натпревари во серија. Го искористи добро отсуството на Марко Паниќ поради повредата и се избори за голема минутажа.
Имаше добра сезона и во СЕХА и во Лигата на шампионите, а воедно имаше забележителна партија и на Европското првенство во јануари.
Вајлупов има 24 години, а договорот со Мешков Брест го врзува до летото во 2022 година.