Министерот Бесими откри дека допрва ќе се бара институција преку која ќе се реализира предвидениот план. Покрај донациите од државата, остануваат донациите од стопанството и даночните ослободувања за компаниите што ќе решат да вложуваат во спортот.
Иако подолго време низ спортските кулоари актуелни беа шпекулациите дека ќе биде укинат спортскиот ваучер, сепак тоа нема да се случи. На денешната прес-конференција во Владата, министерот за финансии Фатмир Бесими во своето излагање откри дека ваучер системот за поддршка на спортот ќе продолжи, но во поинаков облик.
Наместо досегашниот облик, кога спортските клубови ги реализираа своите ваучери преку компании, кои подоцна беа ослободувани од данокот на добивка, во иднина ваучерите ќе бидат финансирани директно од државата.
Министерот Бесими откри дека допрва ќе се бара институција преку која ќе се реализира предвидениот план. Покрај донациите од државата, остануваат донациите од стопанството и даночните ослободувања за компаниите што ќе решат да вложуваат во спортот.
„Донациите во спортот се исклучително позитивна мерка за развој на спортот и младите. Но, одиме со поинакво решение. Ваучер системот нема да оди преку поддршка и ослободување од даночната обврска, туку ваучерите ќе се реализираат преку програма на влада, директно преку поддршка од буџетот. Институцијата што ќе го реализира тоа дополнително ќе се прецизира преку законот. Остануваат донациите за спортот од страна на стопанството и даночното ослободување како и за сите други јавни услуги што ги прави стопанството. Ќе можат стопанството и фирмите да го користат даночното олеснување за донациите во спортот. Оваа важна категорија за поддршка на спортот останува, но со изменет систем затоа што досегашното решение во пракса за жал создава црн пазар, а тоа не е добро ниту за стопанството, ниту за спортот“, изјави Бесими.