После денешната расправа на седница во Собранието, конечно работите тргнаа од мртва точка, па најверојатно следната седмица прволигашите би требало да ги добијат ваучерите за да може да се вратат на терените и да го довршат есенскиот дел од сезоната.
Изгласувањето на дополнителните средства значи дека ваучерите наскоро би требало да пристигнат кај клубовите, а тоа може да се случи веќе во текот на следната недела. Ова е најава и за враќањето на екипите во салите и продолжување на натпреварувањето од Првата лига.
Досега се одиграни шест кола во Групата 1 и четири кола од Групата 2 во Првата машка лига, па доколку се средат работите се очекува наскоро да се продолжи со натпреварите.
Ова значи дека ќе има вонредни кола за да се одработат сите средби планирани за есенскиот дел, а веќе се доцни.