Рускиот пивотмен Денис Василев ќе биде нов ракометар на Еурофарм Пелистер во претстојната сезона.
Тој од вчера е во Битола, а од утре ќе ги стартува подготовките со битолскиот тим во сезоната во која ќе ги чекаат многу предизвици.
Василев го мина летниот одмор на Малдиви, каде што уживаше со сопругата и синот, а пред патот до Македонија го посети и рускиот туристички центар Сочи.
Рускиот кружен напаѓач ќе биде дел од дуото на линијата во Еурофарм Пелистер заедно со македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски.