Василев со гол „а ла Стоилов“ – од слободен удар ја измами одбраната на Вардар (ВИДЕО)

Вардар и Еурофарм Пелистер го играат дуелот од Суперкупот на Македонија во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид. Во вториот дел има израмнет натпревар, а еден од погодоците што треба да се издвојат е оној од слободен удар на рускиот репрезентативец Денис Василев. Тој во стилот на Стојанче Стоилов, ги изненади играчите од одбраната на „црвено-црните“. Погледнете го овој погодок...