Актуелниот македонски шампион Ѓорче Петров ја забележа 11 победа во исто толку натпревари во Женската лига.
Избраничките на Симе Симовски по вчерашната победа над Стружанка, остварија убедлив триумф на гостувањето кај Кузман Вардар со 46-14, иако настапија без сестрите Јанкуловски.
Победникот беше познат уште по првото полувреме кога Ѓорче Петров направи залиха oд 17 гола, 24-7, иако домаќинките водеа со 1-0 и 2-1 на стартот на мечот.
Второто полувреме беше само формалност и предноста на шампионот само растеше до конечните 32 разлика.
Листата на стрелци кај Ѓорче Петров ја предводеше Симона Василева со 11 гола, а погодија сите ракометарки освен голманките. Во домашниот состав по пет пати стрелаа Јовевска и Милевска.
За Ѓорче Петров останува уште еден натпревар од есенскиот дел на сезоната против Овче Поле СУ и со максимум бодови да влезе во плеј-офот.