Натпреварот меѓу Вардар и Монпелје од последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите ќе биде одигран во закажаниот термин.
„Црвено-црните“ го пречекуваат составот на Монпелје утре од 17:30 часот, а средбата се игра во СЦ „Јане Сандански“. Она што секако е од најголема важност во моментов е фактот дека овој дуел ќе биде одигран со присуство на публика така што вардарци ќе имаат поддршка од своите фавори од трибините.
Ова е последниот дуел за оваа сезона во групната фаза од Лигата на шампионите, а во Вардар одлучија натпреварот да биде одигран пред навивачите кои си имаат обезбедени влезници така што сè ќе биде според предвиденото.
Неизвесноста беше поради ситуацијата која владее низ поголемиот дел од светот со Корона вирусот. Денеска имаше седница на Владата и беше неизвесно што ќе се случува. Сепак, после препораката во Вардар одлучија овој натпревар да биде одигран пред публика така што е јасно дека утре од 17:30 часот ќе има навивачи на трибините во СЦ „Јане Сандански“.