Натпреварите во машката Лига на шампиони треба да финишираат најдоцна до 4 март, но календарот на Вардар е полн и тешко дека ќе може да патува. Она што е сигурно е дека правилата во однос на Ковид 19 во Франција и во Германија нема да бидат изменети, па на Вардар му се смешкаат најмалку четири од овие три неодиграни средби, а можеби и шест бода.
Ракометарите на Вардар место три натпревари оваа седмица ќе одиграат само еден и тој ќе биде в недела од 18 часот. Средбите против ПСЖ и Флензбург беа одложени поради правилата кои важат во Франција и Германија за екипи кои доаѓаат од земји кои се надвор од Европската унија. ЕХФ сериозно размислува да ги додели службено бодовите од оние натпревари што нема да се одиграат. И тоа на оној тим кој не го предизвикал неиграњето.
Вардар сега нема термини за двата натпревари против ПСЖ и еден против Флензбург, а за ниту еден од нив не е виновен. Според правилото кое беше користено при службеното одлучување за бодовите на натпреварите кои не беа одиграни во Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Со оглед на тоа што нема вина за одлагањето на двете средби на кои требаше да се гостува во Франција и во Германија, како и за тоа што ПСЖ не дојде во Скопје уште во првиот дел од сезоната сосема извесно е дека Вардар ќе добие службени бодови. Но, сега најважно е дека откако се закажани сите дуели секое одложување нема да може да се пролонгира и затоа некој ќе треба да ги добие службено бодовите.
Натпреварите во машката Лига на шампиони треба да финишираат најдоцна до 4 март, но календарот на Вардар е полн и тешко дека ќе може да патува. Она што е сигурно е дека правилата во однос на Ковид 19 во Франција и во Германија нема да бидат изменети, па на Вардар му се смешкаат најмалку четири од овие три неодиграни средби, а можеби и шест бода.
Покрај овие три дуели за кои сега нема датум ракометарите на Вардар имаат уште пет други натпревари кои треба да ги одиграат до 4 март. Двапати ќе треба против Пик Сегед, двапати против Елверум и еднаш против Мешков Брест. Против Унгарците нема да има проблем и тие два натпревари би требало да бидат одиграни, а истото важи и за дуелот со шампионот на Белорусија во март.
Неизвсно е што ќе се случи против тимот од Норвешка. Ова е земја каде што исто така важат правила за Ковид 19 односно мора да има карантин, па поради истото беше откажана организацијата на ЕП во декември, а исто така и Елверум не допатува во Скопје во терминот кој беше предвиден во есенскиот дел од сезоната. Прашање е дали и сега ќе постои можност за двата натпревари закажани за 21 и 25 февруари да бидат одиграни.
Вардар може да стигнат и до десет. Доколку биде одиграно добро на домашен терен против Пик Сегед и Мешков Брест и бидат обезбедени победи тогаш сегашните три поени лесно може да станат и 13, 15 или 17 со што Вардар би можел да направи скок од 8. на 3. позиција.
Ќе биде доста интересно бидејќи е јасно дека сите натпревари нема да бидат одиграни и дека ќе има одлука на зелената маса. Вардар е тим со најмалку одиграни средби во Групата А, но само за еден тој мораше да бара одложување, оној со ПСЖ есенва кога пред самото тргнување се појавија неколку позитивни.