Натпреварот кој в четврток ќе го одиграат тимовите на Пик Сегед и Вардар во Градската сала во Сегед со почеток во 18:45 часот од 7. коло во Групата А од Лигата на шампионите ќе биде последниот меѓународен кој ќе се игра во оваа сала.
Вардар ќе има можност да влезе во историјата со оглед на тоа што после 41 година доаѓа до смена на салата во која Пик Сегед игра како домаќин на натпреварите во Лигата на шампионите.
Првпат во оваа легендарна сала била користена на 7 ноември во 1974 година, кога Пик Сегед почнаа со игрите во неа. Првиот меѓународен натпревар е запишан на 10 ноември во 1977 година против Барселона. Тогаш бил совладан тимот на Барселона во КПК со 27:22 и оваа победа го покажала патот по кој подоцна се движи клубот.
Дури 41 година подоцна ќе биде одигран последниот дуел, а во него ќе биде двократниот освојувач на Лигата на шампионите. Вардар ќе биде запишан во историјата како последен тим кој му гостувал на Пик Сегед во Градската сала.